|

Бугарија на Детската Евровизија со песна на Гарванлиев, Јордановски и Малинова

Детската Евровизија ќе се одржи на 19 декември во Париз. Македонското трио Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова се автори на песната „The Voice of Love“ со која ќе биде претставена Република Бугарија од Денислава Димитрова и Мартин Стојанов.

Денислава Димитрова и Мартин Стојанов потекнуваат од вокалното студио „Сарандев“ од Добрич. Тие имаат освоено бројни награди, а музиката е дел од нивниот живот уште од раното детство. Како дует настапуваат од 2017 година под раководство на вокалниот педагог Елена Карабелова.

Официјалното претставување на песната „„The Voice of Love“ ќе се одржи в сабота во емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ 1.



Слични Објави