| |

Првите бугарски пилоти на медицински хеликоптери заминаа на обука во Италија

Првите шест пилоти за воздушниот систем за итна медицинска помош на Бугариja денеска заминуваат на обука во Италија, соопшти Министерството за транспорт, пренесува БНР. Тие ќе бидат обучени на ист тип на хеликоптери како оние што ќе бидат испорачани во Бугарија. Сите 36 пилоти и 14 инженери ќе поминат сеопфатна обука во следните неколку месеци.

Министерот за транспорт и врски на Бугарија Георги Гвоздејков, кој се сретна со пилотите пред нивното заминување, најави дека се очекува тие да се качат на првиот медицински хеликоптер во јануари 2024 г.

Слични Објави