|

(Видео) Пукање на аеродромот на Молдавија: има жртви, авиосообраќајот е во прекин

Маж денеска пукаше на аеродромот во Кишињев во Молдавија при што уби две лица, јавуваат светските медиуми.

Локалните власти изјавија дека напаѓачот „одзел пиштол од граничен чувар“ и дека во таа прилика убил две лица.

Агенцијата Ројтерс објави дека, повикувајќи се на медиумската куќа „Зиарул де Гарда“, полицијата била на аеродромот и дека мажот се забарикадирал откако испукал неколку истрели.

Авиосообраќајот на овој аеродром во моментов е во прекин, јавуваат светските медиуми.

Слични Објави