(Видео) СДСМ: Eкономијата расте, НАТО отворa нова можност за македонските компании

/

Уште една добра, убава вест за македонските компании: од овој месец можат да учествуваат на јавните тендери на НАТО, соопшти денеска на прес-конференција, Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Како што посочи тој, годишниот буџет за којшто може да конкурираат македонските компании е околу 5 милијарди евра.

„Членството во НАТО делува како катализатор за подобрување на економските потенцијали на земјите членки. Законските измени се веќе направени и стапени на сила за оваа нова, огромна можност за македонските компании“, истакна Ковачевски.



Според него, вистинските економски политики на Владата носат повеќе пари и подобар стандард за граѓаните.

„Извозот на стоки од Република Северна Македонија во првите шест месеци од годинава бележи раст од 39,1%, во однос на истиот период лани. Извезени се стоки во вредност од 3,4 милијарди евра. Дури и во криза, просечната плата континуирано расте и достигна 28.721 денари. Невработеноста успеавме драстично да ја намалиме на историски најсниски 16%, иако имаше сериозни предизвици“, порача претставникот на владејачката партија според кого овие економски показатели водат до заклучок дека Владата на СДСМ има добро осмислена економска политика.

Претходна статија

Највредните административци ќе бидат наградени со додаток на платата по завршувањето на изборите

Следна статија

Двајца дилери уапсени во Прилеп

Најново од Вести