|

(Видео) Се појави снимка од авионот пред да се урне во морето кај Крит

Двајца мажи беа пронајдени мртви и врзани за седиштата на едномоторниот авион што се урна во морето кај Крит во четвртокот вечерта, на само неколку метри од аеродромот.

Пилотот Теодорос Пантос и неговиот патник не успеале да го напуштат леталото пред несреќата, пренесува „Прототема“.

Медиумите објавија видео на кое се гледа авионот пред падот.

Авионот беше пронајден потопен од приватен брод, што учествуваше во истрагата.

„Го најдовме леталото. Патниците биле врзани, не се обиделе да излезат. Имаа модринки. Во ударот, најверојатно, ја изгубиле свеста, па дури и животот“, изјавил спасувачот Павлос Литинакис опишувајќи ги драматичните моменти што се случиле за време на операцијата.

Претседателот на аероклубот „Ханија“, Панајотис Каракис, рече дека не знае зошто пилотот не слетал на аеродромот во Ханија и не се упатил кон Малем, кој не е погоден за ноќни слетувања.



Слични Објави