|

Шпанската армија од авион исфрли 26 тони храна во Појасот Газа

Шпанија денеска испушти 26 тони храна од авион во опколениот Појас Газа и побара од Израел да ја отвори копнената граница за помош.

„Утрово беа фрлени 26 тони хуманитарна помош, која се состои од над 11.000 оброци“, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.

Вчера два авиони полетаа од воената база во шпанскиот град Сарагоса и исфрлија пакети на територијата опколена од израелската армија.

„Шпанија инсистира на отворање на граничните премини бидејќи тоа е неопходна мерка за да се избегне гладот ​​во Појасот Газа“, порача Мадрид.

Слични Објави