|

Силен град ги побеле улиците во Италија

Лошото време пропратено со обилни врнежи од град ја парализираше Александрија, Италија и предизвика големи проблеми на патиштата.

Вчера по 16 часот патиштата беа полни со град во Александрија, пренесуваат медиумите во регионот.

Гром и невреме најпрво ја погодија општината Фелизано, а потоа набрзо стигнаа до Александрија, а подоцна и до Монферато.

Во населбата Кваторди градот буквално ги побеле улиците, а најмногу проблеми направија силните дождови и ветерот кои ги принудија возачите да застанат.

Противпожарната бригада во подрачјата на Александрија добила голем број пријави поради акумулирана вода на надвозниците во Фелизан и Куаторди.

Имаше многу жители кои пријавија штети во месноста Варезото и Комаско, а некои автомобили останаа поплавени на подвозниците.



Слични Објави