(Видео) Симеонов: Бугарија не смее да ретерира во однос на Скопје- донесена е одлука што треба да се брани
„Односот на бугарските политичари кон Скопје е тест дали може да се препознае и да одбрани бугарскиот национален интерес. Според мене, поимот национален интерес е легитимен поим во политиката. Како да постои една речиси школа за меѓународна политика во Бугарија, која како да го негира тоа и да го поистоветува со членство во различни сојузи“, вели социологот Прван Симеонов во емисијата „Брисел 1“ на тв БгОнЕр.
„Република Северна Македонија веќе е дел од НАТО, односно таа сега е недостапна и далеку од Русија, а НАТО е воено-политичка унија. Европската унија се заснова и на вредности. И малку се сомневам дека таква денешна Северна Македонија, со сета моја почит кон оваа наша братска земја е подготвена да ги исполни критериумите за овие вредности, така што за мене е погрешно тоа што некои велат: „Македонија во Европската Унија, па тогаш ќе мислиме што ќе правиме„. Тоа е погрешно и од бугарска и од европска гледна точка, затоа што дебугаризацијата на Македонија, овој вид „преродбенички процес“ што се одвива таму со години и децении, не е европски. Неисполнувањето на договорите не е европско однесување. Лобирањето во странските метрополи исто така. Бугарија во моментов ги споделува европските позиции и ми се чини дека тоа треба да биде напоменато. Го велам тоа со ладнокрвноста на научник, но и со извесна доза на емоција, си признавам дека за мене тоа е емотивно прашање, а тоа е такво и за многу други Бугари“, вели Прван Симеонов во разговор со Милена Милотинова.
„Социолошките истражувања покажуваат огромна едногласносност на бугарското општество, дека прво треба да се решат прашањата со Софија, а потоа Македонија да размислува за Европската унија. Во Бугарија, можеби поради влијанието на одреден дел од невладиниот сектор, како да се смени дебатата. Има впечаток дека Бугарија мора нешто да направи,дека Бугарија мора нешто да промени,дека Бугарија е виновна за ова што се случува. Не Бугарија е таа што треба да работи,туку Скопје. А сепак да не заборавиме, нештата колку и сложени да изгледаат, се и многу едноставни. Оној македонизам, створен како државотворна идеја во средината на минатиот век во Скопје, во суштина не е ништо друго туку антибугарски. Тој се темели на неправда. Почеток на преговори за влез во Европската унија на ваква Македонија, ќе биде обид да се исчисти една неправда, а тоа е неприфатливо“, рече Прван Симеонов.
На прашањето на водителката дали попуштање или дури и делумна промена на бугарската позиција ќе влијае на односот на општеството кон политичките партии и кон владата воопшто, социологот одговори:
„Не мислам дека ова ќе донесе нешто позитивно, дури мислам дека ќе донесе сериозна негатива. Мора да сфатиме дека таквиот чин може да има историско значење. Тоа се вклопува во вековната традиција на бугарската политика кон Македонија или отсуството на бугарска политика кон Македонија. Во оваа смисла ова е многу сериозен тест за виталноста на било која влада и виталноста на Бугарија како субјект. Има моменти кога треба да се биде субјект и нема друг начин “, рече Симеонов. „Позицијата на Бугарија може малку да се помрдне – еве Бугарија го нагласи непочитувањето на критериумите од Копенхаген, дека ова е веќе европско прашање – односно нашиот став го преведе на јазикот на Брисел. Но, генерално: оваа приказна не е важна, важна е. железничка линија…. Ова е наивност и ќе ви кажам зошто. Токму во денешниот свет е јасно дека без разлика колку се добри мрежите, клубовите, организациите, добрососедството, братството и пријателството, тие не се поважни од авторитетот. Токму минатите децении ни покажаа со колку илузии се разделивме. Така авторитетот и силата понекогаш помагаат повеќе од една насмевка и мекост. Политички е непрактично во моментов Бугарија да ретерира. Кога веќе си донел одлука – брани ја. Оваа одлука функционира затоа што поттикна разговори во Скопје, кои инаку немаше да се случат“.
На прашањето дали бугарскиот премиер Кирил Петков треба прв да оди во РСМ или новиот премиер на РС Македонија да дојде во Софија, Прван Симеонов одговори:
„Јас не сум експерт, но некако повеќе ми е логично новиот премиер на РС Македонија да дојде овде, наместо таму да оди новиот бугарски премиер.“