|

(Видео) Српскиот министер за внатрешни ги соопшти деталите за убиството на малата Данка

Девојчето Данка Илиќ од Бор е убиено, објави српскиот претседател Александар Вучиќ при вонредното обраќање од Палатата Србија.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ, на прес-конференција ги соопшти деталите за страшниот случај. И двајцата обвинети детаљно го опишале делото и биле уапсени.

Мајката Ивана Илиќ пристигнала од Бор во 13.10 часот, децата биле во дворот. Синот ѝ побарал вода. Во овој случај, беше активиран системот „Најди ме“.

„Од моментот кога го напуштиле станот, ја следевме форензиката на телефонот, неговите движења, притоа споредувајќи ги сите можни лица што поминаа тука“, рече министерот.

„Таткото ги запре и праша дали го виделе девојчето, тие рекоа – не“, рече тој.

„Фактот што еден од осомничените, на покана на директорот, истиот ден отишол во Бањско Поле да го бара девојчето е доказ за неговата ладнокрвност“, вели тој.

Текстот (Видео) Српскиот министер за внатрешни ги соопшти деталите за убиството на малата Данка е превземен од МАКФАКС.



Слични Објави