| | |

(Видео) Стефанов: Путин бара победа по секоја цена, оти без неа, тој е завршена приказна

По новите инциденти со руски дронови во Полска и Романија растат стравувањата од можни дополнителни провокации од Москва. Загриженоста дека Русија ја проширува војната во соседни држави – членки на НАТО – е реална, бидејќи, според експертите, руските воени структури точно знаат каде летаат нивните дронови и тоа не е одлука на пониски команданти, туку свесна акција.

Позицијата на Украина и Полска е дека овие упади во полското воздушно пространство претставуваат провокација. Целта, според нив, е да се тестира реакцијата на НАТО и да се заплашат европските земји за да престанат со испораките на оружје за Киев. Воедно, ваквите потези се толкуваат и како сигнал кон САД.

Новинарот Чавдар Стефанов во изјава за Euronews PrimeTime истакна дека дроновите летале кон регион познат како клучен транспортен јазол за испорака на оружје за Украина. Тој го поздрави потегот на бугарската влада, која преку официјален демарш остро ги осуди акциите на Москва и изрази солидарност со Полска, демарш што беше врачено на руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова.

Стефанов нагласи дека такви јавни позиции се неопходни, бидејќи со војната Русија индиректно ја вклучува и Бугарија. „Имаме речиси половина милион сонародници во Украина, особено во Одеса, која е под силни бомбардирања. Имаме и околу сто илјади сонародници во Молдавија, кои се под огромен притисок по последните избори. Затоа, вакви изјави треба да бидат чести“, истакна тој.

Новинарот додаде и дека Владимир Путин е принуден да бара победа по секоја цена, бидејќи во спротивно неговата власт е загрозена. „Од друга страна, Русија постојано се заканува со употреба на нуклеарно оружје ако Западот се вмеша поактивно. Но, војната ќе заврши тогаш кога ќе одлучи Путин“, коментира Стефанов.



Слични Објави