|

(Видео) Тошковски: Очекуваме мирни и фер избори, активирани над 90% од силите на МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски информираше дека гласањето започнало навреме на целата територија, освен во едно село во општина Прилеп, каде изборниот процес започнал со мало задоцнување.

„Очекуваме мирна, демократска и фер изборна атмосфера. Ги повикувам сите граѓани да го остварат своето право на глас и да ја дефинираат иднината што ја заслужуваат“, изјави министерот.

Тој додаде дека активирани се над 90 проценти од силите со кои располага МВР, кои се фокусирани на обезбедување на мирен изборен процес.

„Ги контролираме сите потенцијални ризични точки, засега нема проблеми. Констатирани се четири настани со можни прекршувања на изборниот молк, за кои се постапува и се спроведуваат проверки“, рече Тошковски.



Слични Објави