(Видео) Во Цариброд е извршен вандалски акт врз бугарски споменик симбол на градот
Пред 5 дена во Цариброд, Западните покраини, кои се наоѓаат во Република Србија е извршен вандалски чин врз „Паметникот-симбол на Цариброд“. Ова станува јасно од објава на социјалната мрежа Facebook на Зоран Џуров, претседателот на собранието на општината Димитровград/Цариброд.
„Извршен е вандалски чин врз „Паметникот“- симбол на Цариброд! Немам зборови! Јас сум во шок! До денешниот ден не е забележан ваков варваризам во Цариброд! Како може некој да дигне рака на мртвите“, стои во објавата на Џуров, кој снимил и видео од уништениот споменик.

