Виктор Иго: Оној кој отвора училишта ги затвора затворите
Виктор Иго се смета за еден од најпознатите и важни француски писатели во XIX-тиот век. Негови најпознати дела се “Богородичната црква во Парис” и “Клетници”. Во текот на својот живот Виктор Иго насликал и повеќе од 4000 уметнички дела.
По повод 216-тата годишнина од раѓањето на Иго, избравме некои од неговите најпознати мисли и цитати.
“Не само што Фортуна е слепа, туку ги заслепува своите најомилени деца”.
“Да се биде добар не е тешко, тешко е да се биде фер”.
“Вие размислувате за ѕвездите поради две причини – затоа што тие блескаат и затоа што тие се недостижни, но има едно нешто што е со многу поблескав сјај и многу подлабока тајна – жената”.
“Секој човек има три лица: она што му го припишуваат, она што тој самиот си го препишува и она што во суштина го има.”
“Мислите се дело на умот, а соништата се неговата страст”.
“Првиот знак на вистинската љубов кај мажот е недостатокот на храброст, а кај жената точно обратното”.
“Оставете ги мислите да созреат, но не и да презреат. Преработеното овошје не оди на пазар”.
“Најголемата среќа во животот е верувањето дека сме сакани”.
“Оној кој отвора училишта ги затвора затворите”.
