ВКУСНИ ЗАЈЧИЊА – КОЛАЧИ

Состојки:

500 гр брашно
20 гр квасец
½ лажичка сол
250 мл млеко
100 гр маснотии
0,25 дл масло
1 жолтка од јајце
1 дл јогурт (или кисело млеко)
1 ,5 лажици шеќер

Подготовка:

Измешајте го квасецот во половина чаша топло млеко, додадете лажичка шеќер и брашно и оставете да се нарасне околу 15 минути.

Од брашното, и нараснатиот квасец и сите наведени состојки, замесете средно меко тесто, доколку е потребно, додадете малку повеќе брашно. Оставете да се отстои 30 минути.

Размесете го тестото на работна површина со брашно. Поделете на 10 еднакви парчиња, а потоа направете топчиња и ставете во тава за печење обложено со хартија за печење.

Направете кругчиња, а потоа пресечете ја на половина со остар нож и обликувајте ги ушите на зајаче.

Премачкајте ги со белка од јајце.

Направете ги очите со помош од суво грозје и оставете ги да нараснат уште 10 минути додека рерната не се загрее до 180 степени.

Потоа, ставете ги да се печат околу 15 минути, додека не поцрвенат.

Извадете ги од рерна и оставете ги малку да се оладат, а потоа посипете ги со шеќер во прав.

На здравје!