| |

ВЛАДАТА ГО УСВОИ ДОПОЛНЕТИОТ БУЏЕТ ЗА 2020 ГОДИНА, ПРИФАТЕНИ 12 АМАНДМАНИ

На денешната владина седница, утврден е текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година.

Владата прифати 12 амандмани за измени и дополнувања на предлог-буџетот 2020, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии, и донесе одлука текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година да биде пуштен во Собранието на усвојување.

На оваа седница, на предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои и ревидираната Фискална стратегија за 2020-2022 година. Ревидираната Фискалната стратегија е во согласност со Законот, се усвојува за период од три години и со неа се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Од Владата велат дека ревидирањето на фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во текот на 2019 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.

Слични Објави