ВЛАДАТА НЕ Е РЕШЕНИЕТО – ВЛАДАТА Е ПРОБЛЕМОТ

//

Владата е слуга на народот, а не нивни господар. Владата од Скопје се покажа како најкорумпирана и најкриминална на Балканот. Со нивната неспособност не доведоа на највисоко ниво според број на смртни случаи на Балканот, на највисоко ниво на новозаразени на Балканот и на највисоко ниво на заразени пресметано според реалниот број на население кое живее кај нас. Според Меѓународниот Републикански Институт од Вашингтон, САД само 8% од населението има доверба во Зоран Заев. Според ММФ и Светска Банка во нашата држава економската помош која што владата му ја пружеше на стопанството е втора најниска во Европа (0.2% од БДП), веднаш позади последната диктатура во Европа – режимот во Белорусија. Се чини дека константните кредити кои што владата ги земаше од нашите западни пријатели ги насочи повторно во олигарсите и во црвената буржоазија.

Во екот на создавање на атмосфера за избори од страна на Заев, предвремено беа олабавени мерките за заштита на граѓаните и беше загрозена нивната безбедност како и загрозено целокупното стопанство на државата со одложување на индустриското производство. Спротивно на волјата на паметниот македонски народ, се туркаше процес за одржување на брзи избори и се водеше кампања што предизвика кластер – СДСМ. Во екот на целото безредие, владата првично одлучи да ги отвори обложувалниците и казината, бидејќи според нив тие се приоритет, а не спортските центри за одржување на здрава нација. Илјадници граѓани беа избркани од работа, на илјадници им беа намалени платите и никој за ништо не одговараше. Државна помош се делеше на строго одбирани олигарси, елитната класа, црвената буржоазија. Владата од Скопје се покажа без капацитет за справување со кризата. Наместо со реални проблеми како на пример закаснетите стипендии на студентите и неисплатените субвенции на спортистите, владата се занимаваше со ширење етничка омраза и отворање на нови проблеми. Целиот неквалификуван кадар го натрупа во јавната администрација, покачувајќи ги даноците за вода на граѓаните за 220% за две години. Последен пример ни беше случајот со вработен инспектор во МВР со средно, син на пратеничка на СДСМ… стотици шефови на претпријатија како него следат на таа листа, додека млади граѓани обучени на највисокорангирани западни универзитети седат дома. Се чини владата од Скопје ги прогласи висококвалификуваните за „deplorables“. Со индекс на смртност од 5.09 на 100.000 жители според Johns Hopking Универзитет ние сме на Балканското дно. Пет месеци не држат во притвор, нас, обичните граѓаните, тивкото мнозинство.. и се покажаа нивните методи како неефикасни поради селективниот пристап кој го имаа. Првата задача на владата е да ги штити граѓаните, а не да им ги управува животите. И сега, кога зборуваат за зголемување на акцизата и даноците, би им дал одговор – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ СЕ ОДАНОЧЕНИ ПОД ПРОСЕКОТ ТУКУ ВЛАДАТА Е ПРЕЈАДЕНА И НЕНАСИТНА.

Единствено решение за крај на кризава е формирање на експертска влада.

Би апелирал до граѓаните да се придржуваат до препораките:



  • растојание од 2 метра
  • носење на маска
  • миење на раце со сапун и дезинфекција
  • социјално дистанцирање

Останете во добро здравје.

Автор: Лаки Лучијано Петрески, инженер-технолог од областа Нови Технологии и Материјали, МБА кандидат



Претходна статија

ЕВЕ ОД КАДЕ ПОМИНУВАЛЕ МИГРАНТИТЕ НА СРПСКО- УНГАРСКАТА ГРАНИЦА

Следна статија

ЧАИР ИМА НАЈМНОГУ ЗАРАЗЕНИ, ЦЕНТАР ГО ПОМИНА БУТЕЛ ПО БРОЈОТ НА АКТИВНИ СЛУЧАИ

Најново од Истакнато

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај