| |

ВЛАДАТА СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА ИВАНОВ ОДБИВА ДА ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ ЗА НЕГОВИТЕ СЛУЖБЕНИ ТРОШОЦИ

Сеуште нема одговор од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на писмото од Владата на Република Македонија со предлог и  Канцеларијата на Претседателот да ја прифати Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење. Во духот на определбата за транспарентност и отчетност во работењето на државните институции и избраните функционери, владата го повика Претседателот на РМ да ги стави на увид на јавноста информациите и податоците за трошењето на парите на граѓаните, се вели во соопштението на Владата до медиумите распростането денеска.

Владата ги задолжи и директорите и замениците директори на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на министерствата и на Инспекцискиот Совет, а им укажа и на директорите на јавните претпријатија, на агенциите и на акционерските друштва во сопственост на државата, да ги објавуваат службените трошоци.

Понатаму, Владата на Република Македонија го информира Претседателот Иванов дека Алатката за одговорно владеење им беше предложена и на градоначалниците на општините, кои, во меѓувреме, со одлука на Управниот одбор на ЗЕЛС добија препорака да започнат да ја применуваат оваа Алатката и да ги објавуваат трошоците на носителите на јавни функции на своите веб страници.

Слични Објави