ВМРО-ДПМНЕ: АТАНАСОВ ПРИЗНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕУСПЕХОТ НА СДСМ

//

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Петар Атанасов да го напушти бродот што тоне и да не биде повеќе учесник во криминалното работење на власта.

Атанасов направи храбар чекор и и кажа не на неработливата и криминална влада, која потроши повеќе од две години од животот на граѓаните, а притоа не направи ниту еден проект.

Ги повикуваме сите функционери во власта, кои имаат личен кредибилитет и морал да се охрабрат и да не бидат повеќе соучесници во криминалната влада на Заев.

Функционерите во власта треба да се одважат и да му кажат не на криминалното работење на Зоран Заев.



Атанасов за разлика од другите одговорни во министерството за образование призна одговорност за неуспехот на СДСМ. За разлика од Рената Дескоска која бесрамно смени министерства Атанасов призна дека СДСМ нема кредибилитет затоа што ништо не направи, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Претходна статија

ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И НОВИТЕ СЛУЧУВАЊА

Следна статија

ГДУ ЈА ПОЗДРАВУВА ОДЛУКАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ПЕТАР АТАНАСОВ

Најново од Вести