|

ВМРО-ДПМНЕ бара фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стави на седница законот за намалување на акцизите на енергентите кој што го поднесовме по итна постапка. Бараме фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот, информира пратеникот Бране Петрушевски.

Според него, по новото зголемување на цената на нафтата на меѓународните пазари од 122 долари за барел се соочуваме со повторно зголемување на цените на дизел горивото и „сега се гледа дека моделот на Владата за намалување на акцизата нема никаков ефект“.



Слични Објави