|

ВМРО-ДПМНЕ БАРА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ОД ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

Оставката не е и не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминал, а Богоевски мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот, изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„МВР и ЈО мора итно да спроведат акција врз основа на личното признание на Павле Богоевски, за да се открие целиот синџир за трговија со наркотици, но и да се провери кои се’  од претставниците на власта, на парламентот, јавни функционери биле дел од таа и од таква криминална трговија но и и злоупотребувале наркотици. Очекуваме против Павле Богоевски да бидат преземени мерки за заштита за обезбедување на присуство, имајќи предвид дека Богоевски извршувал функцијата ја пратеник во Собранието и може да влијае врз сведоци во истрагата“, рече Стоилковски.

Извор: Макфакс

Слични Објави