|

ВМРО-ДПМНЕ бараа да го видат договорот за коридорите, а сега не кажуваат на која комисија ќе се разгледува, велат од СДСМ

„Штама во ВМРО-ДПМНЕ, никако да кажат на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите

ВМРО-ДПМНЕ се загуби во своите блокади и деструкции што ги прави во однос на изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д.

Откако бараа пратениците да го видат договорот за изградбата на коридорите, сега никако да кажат на која собраниска комисија ќе се разгледува договорот кој во одредени делови е класифициран.

ВМРО-ДПМНЕ дури и не дојде на координацијата во Собрание за да каже каде и кога ќе се разгледува Договорот.

Наместо да ја замајуват јавноста со невистини и спинови, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побрзо нека одлучат кога и на која комисија ќе се расправа за Договорот, со цел конечно да престанат сите шпекулации за најголемиот инфраструктурен проект од национален интерес“.

Соопштение на СДСМ



Слични Објави