|

Дали Кастриот Реџепи бил чуван во премиерската палата? 

Дали пратеникот Кастриот Реџепи, кој во ноември не се појави на собраниската седница на која требаше да се гласа за доверба на владата бил чуван во премиерската вила, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Дали поранешниот премиер Зоран Заев злоупотребил државни објекти, во коишто го чувале Кастриот Реџепи и дали државни објекти, пред сѐ премиерската вила и премиерските простории, се злоупотребени за Кастриот Реџепи да биде чуван, изјави Николоски во емисијата Дебати на ТВ Шења.

На прашањето на Фокус за ова, Реџепи одговара:

– Се што имав да кажам го кажав на мојата прес конференција и јавни настапи. Мое приватно право е каде престојувам во одреден ден според мојата проценка за мојата безбедност и на моето семејство. Најбитно е дека јас како пратеник со мандат го искористив моето уставно право да одлучам според моето убедување и со тој потег се обезбеди стабилно зголемено мнозинство и непречен дијалог со Република Бугарија, изјави Реџепи за „Фокус“.

Слични Објави