ВМРО-ДПМНЕ: Дали Свето Пивара стои зад зградите кај СЦ „Борис Трајковски“ и какви релации има Шилегов со него?

/

Дали Свето Пивара стои зад зградите кај „Борис Трајковски“ и какви релации има Шилегов со него, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Стефан Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје? Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар ‘Борис Трајковски’ одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дек од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара?

Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара?

На Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат. Колку чини овој шверцерски ДУП?



Време е да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија. Време е да се стави крај на маркиците добиени на чуден начин. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“, се вели во соопштението на партијата.

Претходна статија

СДСМ: Економијата е стабилна и расте, странските инвестиции носат нови работни места и повисоки плати

Следна статија

МЗ: Вчера се аплицирани 14.712 вакцини

Најново од Вести