„Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг: Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата
Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед како што се нотира во извештајот кој го објавува кредитната агенција за РС Македонија, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско задравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит во следната година.
Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.
Аспирациите за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да бидат сидро за таквите институционални подобрувања и напредок на структурните реформи, се истакнува во извештајот, пренесува zoom.mk.
– Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата. И покрај котракцијата во првото тримесечје, очекуваме дека економијата ќе оствари раст од 3,7 проценти. Растот е придвижен од здравото закрепнување на странската побарувачка, којашто ги рефлектира спецификите на интеграцијата на РС Македонија во меѓународните синџири на добавувачи, како и приватната потрошувачка, како резултат на придобивките од заздравувањето на приватните трансфери и од владините мерки за поддршка на стопанството коишто го ублажија расположливиот доход, се вели во извештајот.
Целиот напис прочитајте го овде.