ФИЛИПЧЕ: „ИМАМЕ СКОК НА НОВОЗАРАЗЕНИ ПАЦИЕНТИ“
„Денеска имаме еден скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе го следиме во следните денови за да видиме дали е случајност, некаква варијација или ќе биде некаков тренд. Тоа се резултати од само еден ден и не можеме ништо да заклучиме само од овие резултати од изминатите 24 часа. Ако се сеќавате, во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број новозаболени. Во еден момент имаше и над сто новодијагностицирани. Во таа смисла утре и в сабота ќе ги анализираме новодијагностицираните случаи и ќе носиме заклучоци на што се должат. Засега остануваат на сила сите мерки и апелирам сите граѓани да продолжат доследно да ги почитуваат“, изјави на денешната прес-конференција во владата, министерот Венко Филипче.
