(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЕДЕН ИТАЛИЈАНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ПОКАЖА СВОЈОТ РЕВОЛТ КОН МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА ВО РИМ

/

Кога италијанската влада објави дека на своите граѓани што ја изгубиле работата или не можат да работат поради новонастанатата ситуација ќе им даде по 600 евра, многумина беа среќни бидејќи „барем нешто добиле“, додека други негодуваа бидејќи 600 евра се малку, а и не можат да ги надоместат парите што фирмите ги губат секојдневно од почетокот на епидемијата. На некои тие пари никогаш не им ни стигнаа.

Гратчето Дивињано, со 1.400 жители, се наоѓа во провинцијата Новара, во регионот Пиемонте. Педесет и едногодишниот градоначалник на Дивињано Џанлука Бакета, кој е и сопственик на еден ресторан, тргнал пеш кон Рим за на владата да ѝ ги врати 600-те евра.

Во меѓувреме јавноста дозна за неговата иницијатива, па му бил подарен велосипед за побрзо да ги помине тие 620 километри. Така градоначалникот со ранец на грбот и замотан во италијанско знаме тргнал кон Монтечитори во надеж дека ќе го сретне премиерот на Италија Џузепе Конте и ќе му го врачи писмото во кое го информира дека му ги враќа 600 евра што државата му ги намени како сопственик на ресторан што е затворен поради епидемијата на коронавирусот.

На својот пат се надева дека ќе сретне што повеќе градоначалници на помали места и дека со нив ќе може да сподели искуства.



Тој вели дека ова е секако провокативен и симболичен гест. Сака да ѝ го сврти вниманието на владата во каква ситуација се наоѓаат малите градови и на агонијата на сите луѓе кои се занимаваат со услуги: сопственици на ресторани, кафулиња…

Градоначалникот Бакета за Кориере дела сера вели дека надоместот од 600 евра или боновите за купување биле распределени без план: поефикасно би било претходно да ја пресметале просечната заработка по општини.

Извор: ТВ Стар

Претходна статија

ПОЗНАТО Е КОГА НАЈРАНО МОЖАТ ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ ИЗБОРИТЕ АКО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ ДОЗВОЛАТ А ЛИДЕРИТЕ СЕ ДОГОВОРАТ

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: „ИМАМЕ СКОК НА НОВОЗАРАЗЕНИ ПАЦИЕНТИ“

Најново од Вести