| |

ВМРО-ДПМНЕ: ДОДЕКА ЗАЕВ НОСИ ШТЕТНИ ДОГОВОРИ, СИРОМАШТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА

Додека Зоран Заев насилно турка штетни договори на сметка на националните интереси животот во Македонија од ден на ден станува се понеподнослив, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Сиромаштијата се зголемува, стандардот се намалува а граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Затоа денес по повод денот на борбата против гладот УМС на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општински комитети низ Македонија ќе донира храна.

Притоа би сакале да ги повикаме сите оние хумани луѓе и сите оние кои би сакале да помогнат тоа да го направат преку донација на храна која подоцна ќе им биде дистрибуирана на оние кои се најзагрозени.

Владата потроши половина од нејзиниот мандат на штетни договори и национални интереси.

СДСМ и Зоран Заев потрошија 2 години од животот на граѓаните без да направи ниту едно добро дело или на било кој начин да го подобри секојдневниоето.

Безнадежноста се зголемува а перспективата за живот во Македонија се намалува.

Оваа Влада треба да си замина се со цел во Македонија да се имплементираат политки кои ќе ја зголемат благостојбата на граѓаните, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави