| |

ВМРО-ДПМНЕ: ГРАЃАНИТЕ ГО ВИДОА ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА БЛИСКИТЕ НА ФУНЦИОНЕРИТЕ ОД СДСМ ВО ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ

Крими-непотистичката власт на деспотот Заев фатена жива во скандалот со вработување на роднини на функционери од власта сега ја замајува јавноста со наводен оперативен план за вработување.

Граѓаните го видоа нивниот оперативен план за вработување синови, ќерки, браќа, сестри, мајки, татковци, баби, дедовци, золви, снаи, зетовци и лични фризерки на функционерите од СДСМ. Патем по правило сите тие се вработени во државни институции за плати повисоки од просечната плата која ја добиваат граѓаните. Дали оперативниот план на власта предвидува токму роднините и децата на власта да бидат или единствени пријавени или најдобри кандидати според критериумите за Дизел вработување?

На сметка на ова партиско фамилијарно полнење на администрацијата, економијата од ден во ден ни тоне се повеќе. Дополнително на тоа граѓаните се товарат со повисоки даноци и нови задолжувања. Стопанството ни се гуши, освен фирмите на функционерите од власта чии бизниси се шират како канцер во македонската економија.

Вистински позитивни економски резултати и зголемување на вработеноста во реалната економија се можни само со демонтирање на криминалниот картел од власт кој ќе почне со поразот кој ќе го доживеат на претстојните избори, се вели во реакцијта на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави