| |

ЏАФЕРИ ПРЕД ВРЕМЕ СИ ГИ МИЕ РАЦЕТЕ ЗА ЕВЕНТУАЛНОТО БЕГСТВО НА ВЕЉАНОСКИ


По изјавата на обвинителката Вилма Рускоска дека Собранието ќе биде одговорно, ако Трајко Вељаноски и Љупчо Димовски, избегаат од државата, претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека истата е дадена за медиумски цели. За тоа, потенцира тој, одговорни ќе бидат судовите, бидејќи тие треба да го обезбедат присуството на обвинетите. Џафери е дециден дека негова обврска е да се грижи за работата на Собранието и тоа да се прави врз основа на процедури. Претседателот на Собранието на  Република Северна Македонија Талат Џафери вели дека во Парламентот немало услови да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен собраниски претседател Трајко Вељаноски, бидејќи претходно немало донесен заклучок на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. За тоа, рече Џафери, вчера го известил и Кривичниот суд.

Слични Објави