ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е кандидат на СДС, Филипче и Заев кој не исполни ни едно ветување
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поддржан од СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, ги излажал граѓаните и не реализирал ниту еден проект од ветеното.
Според партијата, Јакимовски во 2021 година ветувал подземни гаражи, нов плоштад и најубава фонтана во Лептокарија, но наместо тоа, граѓаните денес сведочат само на „купишта ѓубре“ на истите паркинг-простори.
„Нема ништо од најавениот план од 4 милиони евра за Лептокарија. Фасадите на зградите останаа исти како пред 20-30 години, а хортикултурното уредување никогаш не се реализира,“ се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ветувањата за нови фасади и целосна реконструкција на населбата останале само на видеа и предизборни ветувања.
„Јакимовски тогаш лажеше, лаже и денес. Нема капацитет да води општина и не треба да биде градоначалник на Карпош. Време е за вистински избор,“ порачаа од партијата.

