ВМРО-ДПМНЕ: ЈО ДА ПОВЕДЕ КРИВИЧНА ПОСТАПКА ПРОТИВ ГОРАН СУГАРЕСКИ И МИЛЕ ТАЛЕСКИ
ВМРО-ДПМНЕ побара од обвинителството да поведе кривична постапка против Горан Сугарески и Миле Талески поради видеото во кое, како што велат од ВМРО, двајцата барале од вработени во државната администрација како надомест за нивното вработување да агитираат за претседателската кампања на Пендаровски.
„ЈО треба веднаш да постапи по допрен глас и да поведе кривична постапка. Очекуваме ЈО да постапка согласно закон и да поднесе кривична пријава против Сугарески согласно чл.353 од КЗ. Дополнително ја повикуваме Антикорупциска да постапи согласно чл.40 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, кој јасно забранува на лица кои вршат државни функции да влијаат при вработувања. Доколку институциите ја немаат слушнато аудио снимката ние го испраќаме линкот од истата која е постирана на Јутјуб“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава дека доколку институциите не се охрабрат и не поведат постапки против Сугарески и Талески против нив ќе бидат поведени постапки со враќањето на правната држава во Македонија.