| |

ВМРО-ДПМНЕ: КАРТАТА Е ЦРВЕНА, ПОБЕДИВМЕ ВО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА, ПАДОТ НА ЗАЕВ Е НЕМИНОВЕН

Картата е црвена. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова победија во најголем број на општини во Република Македонија, порачуваат утринава преку соопштение од опозициската партија.

-ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова со народот освоија повеќе гласови од првиот круг. Членството на ВМРО-ДПМНЕ беше под константен политички прогон, власта се служеше со сите методи. Но одговорот го добија од народот. Сега да има предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најголем број на пратеници, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победиле во: Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено, победа има и во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Штип, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Виница Градско, Дебарца Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чешиново Облешево и нерешено е во Радовиш.

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува заедно со народот. Оваа недемократска и ненародна власт мора да падне. Граѓаните го кажаа своето. Падот на Заев е неминовен. Народот гласаше за право и правдина наспроти криминал, корупција и непотизмот на Заев и СДСМ. Народот гласаше против коруптивната шема по принципот „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“. Народот сака право и правдина. Предвремените парламентарни избори се неизбежни.



Слични Објави