|

ВМРО-ДПМНЕ: Левица призна и се заплетка во лагите за парите кои завршиле во џебовите на раководството

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека Левица на прес-конференција практично признала дека податоците добиени од свиркачи – за тоа дека партиски пари завршувале кај тесното раководство – се точни.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека според кажувањата на Јована Мојсоска, која самата изнела дека била сметководител на партијата, станува збор за противзаконски акт. Во соопштението се наведува дека Законот за пратеници јасно забранува на избраните функционери да вршат профитни дејности:

  • Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“
  • Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“
  • Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“

„Законот е јасен, Јована Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, таа сериозно го прекршила Законот,“ стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Левица „се заплеткала во сопствените шеми за извлекување на партиски средства за лични потреби на раководството“ и дека „под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост, пари се испумпувале на лични трансакциски сметки“.

„Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кој се испумпуваат пари. Вистината е на виделина – Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа,“ се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави