Американските трупи остануваат во Романија, но следуваат промени во ротациите
Американските воени сили ќе останат распоредени во Романија, но ќе има одредени промени во начинот на кој Соединетите Држави ги ротираат своите војници. Ова синоќа го изјави шефот на Пентагон, Пит Хегсет.
Кон крајот на октомври, Романија соопшти дека добила известување од Вашингтон оти САД ќе го намалат бројот на американски војници распоредени на источниот фланг на НАТО. Тогашниот романски министер за одбрана, Јонуц Моштиану, нагласи дека одлуката не претставува „повлекување“, туку „прекин на ротацијата на бригада која има елементи во повеќе земји од НАТО, меѓу кои Бугарија, Романија, Словачка и Унгарија“.
