| |

ВМРО – ДПМНЕ : НЕЗРЕЛ ОДНОС НА ИЗГУБЕНАТА СДСМ, БАРАМЕ ЛИДЕРСКА ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА ВО ДРЖАВАТА

СДСМ и Коста Петров имаат незрел однос кон најважните прашања во државата, се наведува реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ и одговор на новинарско прашање на Коста Петров поврзано со одржување на избори.

Никој од ВМРО-ДПМНЕ не спомена брзи избори, а тие продолжуваат лажно да си ги толкуваат работите како сто тие би сакале. Тоа се вика лицемерие.

Од една страна брифираат датуми за избори, покренуваат полутајни иницијативи за свикување на Собрание, грчевито се борат за фотелјата на Заев, а од друга страна во јавност велат дека се загрижени за здравјето на граѓаните.

Граѓаните немаат ништо од загриженоста на Коста Петров туку може да имаат бенифит од работата на владата која во моментов не ја гледаме.

За ВМРО-ДПМНЕ приоритет не се изборите туку здравјето на граѓаните и економијата. Заев е тој кој што борбата за фотелја ја става пред здравјето на граѓаните. Апелираме на разумно и зрело однесување. Одбивањето на свикување лидерска средба знаци незрел однос на СДСМ и недораснатост да се дискутира за најважните прашања во државата, се наведува реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ и одговор на новинарско прашање на Коста Петров поврзано со одржување на избори.

Слични Објави