НОВИ ОСУМ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ПРИЛЕП, ОПШТИНАТА ЌЕ ВРШИ ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ
Во Прилеп денеска се регистрирани осум новозаболени лица од корона вирусот, информираат од локалната самоуправа.
На инфективното одделение од прилепската болница се хоспитализирани 17 лица позитивни на Ковид-19 и сите се со стабилна клиничка слика.
Од општината јавуваат дека веднаш по почетокот на забраната за движење на граѓаните во 15 часот, ќе започне акцијата за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот.
Акцијата ќе ја спроведуваат волонтери од Прилеп и од населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки, ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот.
