|

БиХ ГО УКИНА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Босна и Херцеговина го укина полицискиот час, а мерката стапи на сила, соопшти Федералниот кризен штаб. На 21 март Федералниот кризен штаб, по препорака на владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, издаде наредба за забрана за движење од 18 часот до 5 часот наутро.

На оваа наредба ѝ претходеше препорака на министерот за внатрешни работи, Аљоша Чампара, да воведе забрана за движење по барање на премиерот Фадил Новалиќ.

Донесена е нова наредба на Федералниот штаб за цивилна заштита во врска со забраната за движење лица до 65 години и под 18 години. Според оваа наредба, лицата над 65 години ќе може да се движат в понеделник, среда и в петок од 9 до 13 часот. Младите под 18 години ќе може да излегуваат во вторник, четврток и в сабота од 14 до 20 часот.



Слични Објави