|

ВМРО-ДПМНЕ со визија за Кичево – Јовановски најавува отстранување на депонијата и развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста истакна дека кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, е човекот со јасна визија и план за развој на општината.

Во соопштението се наведува дека Кичево во изминатите години се соочува со, како што велат, „сериозен застој поради неспособното и корумпирано раководство“.

„Наместо прогрес и развој, Кичево константно уназадува. Градот е заробен во криминал, корупција и скандали кои го разоруваат секој сегмент од живеењето. Граѓаните заслужуваат отчетност, реални проекти и транспарентност, а не лични интереси и непотизам“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Александар Јовановски во својата програма за Кичево се обврзува на повеќе конкретни проекти меѓу кои:

  • изградба на енергетски ефикасни фасади на сите згради постари од 25 години, со цел намалување на трошоците и подобрување на квалитетот на воздухот;
  • ревитализација на Китино Кале – втора фаза;
  • изработка на основен проект и физибилити студија за јавно-приватно партнерство за изградба на центар за собирање кабаст отпад;
  • отстранување на дивата депонија од градското јадро;
  • изградба на стационар за бездомни кучиња;
  • изградба на спортска сала во ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“;
  • реконструкција на сите општински патишта и поставување оптичка мрежа кон селата.

„Јовановски има јасна цел и визија за Кичево – за развој, напредок и чесно раководење. Време е за промени и време Кичево да се врати на патот на напредокот“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ги повикува граѓаните на Кичево да излезат масовно на локалните избори на 19 октомври и да го поддржат Александар Јовановски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заокружи број 9 за промени во Кичево, за развој и одговорно работење. Заокружи 9 за твојот човек, за твоето место и твојата иднина“, завршува соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави