| |

ВМРО ДПМНЕ: ЗАЕВ И ПЕНДАРОВСКИ МОРА ДА ИЗГУБАТ ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ТРГНЕ НАПРЕД

Граѓаните знаат дека Стево Пендаровски е копија на Зоран Заев. Затоа што и двајцата лажат, забораваат, негираат.

Македонските граѓани не забораваат дека Пендаровски пред пет години тврдеше дека не може да се менува името на државата без државен консензус, за сега да е дел од опција која го смени името без да обезбеди поддршка на референдум.

Стево Пендаровски е доказ дека се што каже лаже, исто како и неговиот шеф Зоран Заев.

На Република Македонија не и е потребен нов Зоран Заев. На оваа држава и е потребен претседател кој ќе работи согласно Уставот и ќе го промовира владеењето на правото.

Заев и Стево Пендаровски мора да изгубат за Македонија да тргне напред, се вели во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави