ВМРО НА КАРАКАЧАНОВ ЌЕ ОДИ САМА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА
Партијата ВМРО ќе оди самостојно на парламентарните избори што треба да се одржат на 4 април годинава во Бугарија. Од ВМРО соопштуваат дека одлуката е донесена по барање на локални структури и раководството на партијата.
Од таму додаваат дека тие веќе ги информирале своите коалициони партнери од НФСБ на Валери Симеонов, кој пак од своја страна веќе разговарал со лидерот на ВМРО, министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
Од ВМРО најавуваат дека ќе бидат патриотската алтернатива за бугарскиот гласач во земјата и во странство и дека во нивната пратеничка листа ќе има солиден број кандидати од т.н. граѓанска квота.

