|

ВНУКА НА КЕНЕДИ ЗАЕДНО СО СВОЈОТ СИН ИСЧЕЗНА ВО АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН

Внука на Роберт Кенеди (брат на Џон Кенеди), заедно со нејзиниот 8-годишен син, исчезнаа по несреќата со кајак во близина на атлантскиот брег на Соединетите држави, јавуваат светските медиуми повикувајќи се на информација од властите во североисточниот дел на Мериленд.
 
40-годишната Мејв Кенеди Мекејн излегла со кајакот во заливот Чезапик заедно со својот син Гидеон во четвртокот. Тие попаднале во бура и веќе се водат како исчезнати. Во моментот акцијата за нивно пронаоѓање е во тек.
 
Мејв Кенеди МекКејн работела како советник во програмата за превенција од СИДА на Стејт департментот во администрацијата на претседателот Барак Обама. Таа исто така била волонтерка на Мировниот корпус во Моза

Слични Објави