ВНУКОТ НА НАЈМАЛИОТ БРАТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ- ХРИСТО ХРИСТОВ: НИЕ СМЕ БУГАРИ, СИТЕ ШТО ДОАЃААТ ОД МАКЕДОНИЈА СЕ МАКЕДОНЦИ
На колегата Александар Митовски-Мечка не му успеа да го „македонизира“ Гоце Делчев пред неговиот внук диригентот Христо Христов, директен потомок на најмалиот брат на Гоце-Христо.
Познатиот бугарски диригент Христо Христов беше гостин во емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот „Инфомакс“. Водителот и главен уредник на порталот Александар Митовски-Мечка, беше на чекор од тоа да се претвори во херој за македонската јавност, која одбива да ја прифати историската вистина. Внукот на Христо Делчев мораше да ја каже онака фронтално.
А. М.: Чуствувам дека и Вие го носите истиот товар како Гоце Делчев. Во Бугарија Ве декларираат за Македонец, во Македонија како Бугарин, за Гоце уште не можеме да се договориме што е, дали бил Македонец, дали бил Бугарин. Вие како се чувствувате?
Х.Х:Ние сме Бугари. Јас сум роден во Бугарија, таму е родено и моето семејство така се декларирале и нашите предци. Како што било порано, така сме и сега. Во таа смисла нема промена. Имав можност да земам австриски пасош, но тоа е само пасош, немаше да ме смени. Јас ќе си бев истиот човек. Да, ние сме Бугари.
А. М.: Но Гоце Делчев вели дека е Македонец и вели дека е борец за македонската држава и самостојност?
Х.Х: За самостојноста јас не знам каде го кажал тоа. Знам една друга непријатна средба која стои во семејната историја. Тој имал средба со тогашниот кнез на Бугарија Фердинанд. Повеќето од тогашните револуционери имале средби со него. Фердинанд му рекол: „Слушај момче, или автономија или анатомија“. Таа приказна не е пријатна но е вистинита. Автономијата е тоа што е основно работено и говорено. Автономија е различно од независност.
А. М.:Гоце Делчев административно се декларирал како Бугарин, тоа е точно и се запишал како Бугарин на неколку места. Но во тој историски контекст тоа било единствена можност да функционира на ова поднебје. Се декларирал и како Македонец по чувство.
Х.Х: Сите се Македонци штом доаѓаат од Македонија, тоа е јасно. Не би се согласил со тоа административно некој да се определува. Во тоа време семејството живеело во Османската империја. Некој да треба административно да се определува некако, мене не ми звучи добро. Во тоа време од 5000 луѓе двајца можеле да читаат. Што разбира народот од администрација. Нема такво нешто. Народот разбирал од мотика, стомни, менци, што да разбира од администрација.
А. М.: Баш заради тоа што народот не можел да разбере што е тоа администрација и не можел да одбере како ќе се запише освен како му било наметнато како да биде запишан…
Х.Х: Нема варијанта на тие луѓе некој нешто да им наметне, тие луѓе имале доволно здрав кураж да прават работи кои што се против една држава, сеедно некој денеска да прави нешто против Америка, Канада и Мексико. Во тоа време Османската империја е огромно нешто, многу јако, една од најголемите сили воопшто во светот и некој кој што тргнал да ја клати таа држава и некој да му наметне нешто нема како да го замислиме тоа.
Мечка, братко, повеќе среќа следниот пат…

