Во 46 општини ќе се бира градоначалник во втор обид: Која партија каде води во првиот круг?

/

46 општини од вкупно 80 ќе одат во втор круг на гласање на претстојните локални избори кој треба да се одржи за две недели, односно на 31 октомври.

Во најголем дел од нив, 16 ВМРО-ДПМНЕ водеше пред останатите кандидати. Во 15 општини предност издвои владејачката СДСМ, пренесува Република.

Трета на оваа листа е ДУИ, чии кандидати за градоначалници се во водство во седум општини. Алијанса води во три општини, меѓу кои е и Гостивар, град кој важи за бастион на партијата и каде Арбен Таравари вчера прогласи убедлива победа.

Во четири општини предност имаат четворица независни кандидати за градоначалници, меѓу кои е и Данела Арсовска која е во предност пред актуелниот градоначалник на главниот град Петре Шилегов. Данела Арсовка е поддржана од опозициската коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијаса и Алтернатива.



ДПА, пак, првиот круг го заврши со предност во Студеничани.

Погледнете која политичка партија во која општина издвои водство во првиот круг.

Претходна статија

ОБСЕ со генерално позитивна оценка за изборите

Следна статија

Муцунски: Вашата јасно изразена волја создава сериозна обврска за исполнување на вашите очекувања

Најново од Вести