| |

Во БКИЦ-Скопје по повод Денот на Независноста на Бугарија ќе биде отворена изложбата на бугарскиот уметник Л’чезар Бојаџиев

На 22 септември, по повод Денот на независноста на Бугарија, со почеток од 18 часот во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ќе биде отворена првата самостојна изложба на еден од најпознатите современи бугарски уметници, Л’чезар Бојаџиев, јавува Бугарскиот културно-информативен центар. Настанот претставува значаен културен мост меѓу двете соседни земји и можност скопската публика да се запознае со делото на автор кој со децении има меѓународно признание.

Л’чезар Бојаџиев (роден 1957 во Софија) е еден од највлијателните и најплодни современи уметници во Бугарија. Завршил историја на уметност на Националната ликовна академија во Софија. Од 1980-тите години е активен на полето на современата уметност и познат по мултимедијални проекти, инсталации, фотографии и урбани интервенции. Неговите дела се изложувани во бројни престижни музеи и галерии ширум светот – од Европа, преку САД, па сè до Азија. Бојаџиев е ко-основач на Институтот за современа уметност – Софија, каде активно придонесува за развој на современата уметничка сцена во регионот.



Слични Објави