| |

Во Благоевград ќе биде организирана фотоизложба по повод Денот на копнeните сили на бугарската армија

Воената единица 26 400 на 15 ноември ќе приреди фотоизложба на отворено во Благоевград под наслов „Копнената војска во служба на народот и татковината“, по повод Денот на копнената војска на Бугарија, кој се одбележува на 19 ноември, јавува Пиринско.

Изложбата ќе биде поставена на плоштадот пред Камерната опера во Благоевград и околу споменикот на Гоце Делчев. Фотографиите ќе прикажат моменти од секојдневието, мисиите и вежбите на бугарските војници, како и нивната служба за безбедноста и суверенитетот на земјата.

Слични Објави