| |

Ансамблот „Пирин“ од Благоевград одбележа 21 година од смртта на проф. Кирил Стефанов

Ансамблот „Пирин“ од Благоевград оддаде почит на проф. Кирил Стефанов по повод 21 година од неговата смрт, потсетувајќи на неговиот придонес во развојот на ансамблот и зачувувањето на бугарскиот фолклор, јавува Пиринско.

Во објавата посветена на неговиот спомен, од ансамблот истакнаа дека творештвото и посветеноста на Стефанов придонеле „Пирин“ да стане препознатлив претставник на бугарската народна музика, песна и танц.

Неговото дело, како што нагласуваат, продолжува да ги инспирира новите генерации уметници кои го чуваат и го популаризираат бугарското народно творештво.

„Се сеќаваме на Вас, професоре! Со почит, благодарност и љубов – денес и секогаш!“, напишаа од ансамблот „Пирин“ во Благоевград.

Слични Објави