Во Благоеврад ќе биде организирана свеченост во чест на големиот бугарски поет и револуционер Христо Ботев
Ритуалот ќе се одржи на 6 јануари во 11:45 часот на плоштадот „Народни будители“ (кварт „Вароша“), каде што се наоѓа бистата-споменик на бугарскиот поет и револуционер Христо Ботев. Учество ќе земат и ученици од XI ОУ, чиишто патрон е националниот херој, јавува Пиринско.
Непосредно пред тоа, од 11:15 часот, на плоштадот „Македонија“, свештеници ќе извршат водосвет на борбените знамиња. Настанот го организира Третото бригадно командување на бугарската армија.
Во 11:00 часот на 6 јануари, кога се одбележува црковниот празник Св. Богојавление или Јордановден, ќе биде испочитувана традицијата со потопување на Богојавленскиот крст во водите на реката Благоевградска Бистрица. Ритуалот ќе се одржи кај мостот во близина на плоштадот „Македонија“.
Празничниот ден ќе започне со утринска богослужба во храмот „Воведение Богородично“ од 08:00 часот. Во 09:00 часот, во црквата во квартот „Вароша“, ќе биде отслужена и света литургија.

