Во Британија ја проценуваат заканата од тероризмот; МИ 5: Веројатен е терористички напад
Состанок на владиниот комитет за итни случаи е свикан за денеска во Британија за да се разговара за безбедносните ризици што произлегуваат од конфликтот меѓу Израел и Хамас.
По убиствениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој предизвика одмазда во Појасот Газа, во Велика Британија се зголемени случаите на антисемитизам и исламофобија.
Огромни пропалестински протести се одржаа во Лондон и во други градови, а еврејските групи организираа бдеење за 239-те израелски заложници што ги држеше радикална исламистичка сунитска група.
„Треба да бидеме сигурни дека британските системи се безбедни и заштитени од терористичка закана, како што тоа секогаш го прави владата“, изјави секретарот за високо образование, Роберт Халфон, за „Тајмс радио“.
Британската разузнавачка агенција МИ 5, задолжена за внатрешна безбедност, смета дека заканата од тероризмот во моментот е значајна, што значи дека е веројатен терористички напад или дека може да следува.
Постојат две повисоки категории на ниво на закана: сериозен, што значи дека нападот е многу веројатен, а критичната закана значи дека нападот е многу веројатен во блиска иднина.
