Во Бугарија беше формиран Балкански уставен форум
Во Софија беше формиран Балкански уставен форум. Иницијатор за форумот е бугарскиот Уставен суд, а документот за негово формирање е потпишан од претставници на Албанија, Косово, Северна Македонија, Турција, Црна Гора и Бугарија, јавува БНР.
Првата средба на претставниците на уставните судови од Балканот е посветена на пристапот до уставната правда, а заменик-претседателката на Европската комисија Вера Јоурова, претседателот на Судот на Европската унија Кун Ленартс и заменик-претседателот на Европскиот суд за човекови права Марко Бошњак пристигнаа во Софија за да учествуваат на форумот.
„Улогата на уставната јурисдикција е да ги отстрани пречките за демократско политичко претставување, да го отвори политичкиот систем за учество на различни групи во општеството. За Уставниот суд да биде изразител на јавниот разум на нацијата, што е многу предизвикувачка задача“, рече Атанас Славов.
„За мене, сите присутни денеска испраќаат силна порака на посветеност, дека има добри практики, има мислење и експертиза“, посочи Марија Габриел.

