| |

ДИРЕКТОРКАТА НА ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ ГИ ПРИНУДУВАЛА ШТИТЕНИЦИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ГРУЕВСКИ

Во случајот „Титаник“ обвинети се 20 лица за изборни измами, меѓу кои и врвот на ВМРО-ДПМНЕ: Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Леко Ристовски.

Во кривичниот суд во Скопје утрово продолжи судењето за изборни измами „Титаник”, на кое се преслушуваат дел од преостанатите над 600 необјавени бомби како докази на специјалното јавно обвинителство.

Во еден од разговорите од 19 март 2013 година може да се слушне како поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески разговара со директорка од детски дом каде што директорката вели дека има деца кои доколку им се плати патот ќе гласаат за Никола Груевски. Станува збор за 5 деца од домот во Скопје, 2 деца од Виница, 3 деца од Куманово и едно дете од домот од Гостивар.

Слични Објави